Мерцедес ја менува традиционалната сребрена боја? (ФОТО)

Формула 1 тимот Мерцедес денеска на социјалните мрежи објави дел од нивниот преден спојлер, кој е обоен во нетипични бои. Наместо традиционалната сребрена боја, овој пат болидот е во сина, тиркизна и црна боја. 

Ова можеби ќе бидат бои на тимот само за време на тестирањето или можеби конечно Мерцедес ќе се реши за малку пошарен болид во 2019 година. 

Презентацијата на новиот болид на актуелниот шампион е закажана за 13 февруари, па тогаш ќе дознаеме дали Мерцедес ќе остане доследен на традицијата или ќе ги смени боите.