Екипата на Мерцедес го претстави својот нов болид за 2019 година, а тој се појави во класичните бои на германската екипа.

Новиот болид дебитираше утрово на Силверстон со Валтери Ботас зад воланот, а подоцна ќе го вози и светскиот шампион Луис Хамилтон.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, го даде првиот коментар за наредната сезона.

„Оваа сезона ќе биде нов предизвик за сите нас. Поради новите правила моравме да тргнеме од почеток. Повторно мора да им се докажеме на нашите противници. Во сезоната влегуваме со нула бодови. Всушност, со новите правила секој тим може да ја брка титулата и сите ги гледаме како закана“, кажа Волф.