Мекларен раскина со Хонда, па го убеди Алонсо да потпише нов договор

Фернандо Алонсо ќе вози за тимот на Мекларен и следната година, објавува „Би-Би-Си“.

Шпанскиот пилот иако не е задоволен од перформансите на болидот на Мекларен изминативе неколку сезони, тој одлучи да го продолжи договорот со англискиот тим до крајот на 2018 година. Според информациите Алонсо потпишал едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен, но само ако Мекларен го унапреди болидот со цел да биде конкурентен.

Мекларен потпиша договор со Рено, кој ќе ја замени Хонда како снабдувач на мотори и тој очекува тимот во следните две сезони да се бори за врвот. 

„Моето срце ми велеше да останам. Мекларен има технички и финансиски ресурси за да се врати во конкуренција за победи многу брзо. Изминативе три години ни дадоа моментум да ја планираме иднината и навистина едвај го чекам патувањето“, изјави Алонсо.