Мекларен го прекрстија Карлос Сајнц во - Дарен! (ВИДЕО)

За време на тренинзите во пресрет на трката за Големата награда на Шпанија, во таборот на Мекларен направија голем кикс. 

Преку тимското радио на Карлос Сајнц му се обратија со името Дарен. 

„Дарен, Том е... извини Карлос“, рече еден од инженерите преку тимското радио.

Сајнц не остана должен и сакаше да го продолжи разговорот како Дарен.

„Здраво Том, јас сум Дарен“, рече на шега Шпанецот.