Бразилецот Фелипе Маса по 15 години во Формула 1, в недела на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби ќе ја заврши својата кариера во „октанскиот циркус“.

Маса на последната трка ќе има специјална кацига со која последен пад ќе седне во болидот и ќе се трка во најпрестижниот автомото шампионат.

„Подготвен сум за последната трка и за мојот нов предизвик во животот. Искрено, немам за што да жалам во карирата, многу сум среќен што го остварув тоа каде што сум“, рече Маса.

Тој со завршувањето на кариерата во Формула 1 не завршува со тркањето, туку ќе продолжи во едно друго натпреварување, Формула Е, но можно е идната година да се појави и на 24 часа Ле Ман.

Маса во Ф1 имаше 268 стартови, 41 пат се најде на подиумот, 11 победи во 15-годишната кариера.