Маркез успешно опериран: Ќе биде фит за шест недели (ФОТО)

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез вчера бил успешно опериран во болница во Барселона. Шпанецот имаше проблем со левото рамо, откако изминатава сезона неколку пати паѓаше на истото и го имаше изместено. 

Операцијата минала во најдобар ред и Маркез ќе мора да мирува околу шест недели. Би требало да биде целосно фит за стартот на тестовите пред новата сезона во Мото ГП шампионатот.

„Добро утро на сите. Се чувствувам подобро, ви благодарам на сите за охрабрувачките пораки“, напиша мотоциклистот на Хонда на својот „Твитер“-профил.