Маркез тргнува од пол-позиција, Роси разочара во Австрија (ФОТО)

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ќе стартува од пол-позиција на трката во недела за Големата награда на Австрија.

Одличниот Шпанец зад себеси ги остави Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо од Дукати. Италијанецот возеше најбрз круг за 1.23.243, додека Шпанецот имаше време од 1.23.376.

Од четврта позиција стартува Данило Петручи, а зад него во топ 10 се Кал Крачлоу, Жоан Зарко, Тито Рабат, Андреа Јаноне, Дани Педроса и Алекс Ринс.

На квалификациите во Австрија разочара Валентино Роси, кој ќе тргне од 14. позиција, додека неговиот тимски колега Маверик Вињалес почнува како 11.

Трката за Големата награда на Австрија се вози утре од 16 часот.