Маркез со триумф во Валенсија ја заврши сезоната во Мото ГП (ФОТО)

Шампионот на кралската класа, Марк Маркез со победа ја заврши одличната сезона во која ја освои титулата. Возачот на Репсол Хонда славеше пред домашната публика во Валенсија, а зад него завршија Фабио Квартараро и Џек Милер.

Во топ-10 завршија уште Андреа Довициозо, Алекс Ринс, Маверик Вињалес, Жоан Мир, Валентино Роси, Алеш Еспаргаро и Пол Еспаргаро.

Маркез со победата во Валенсија ја заврши сезоната со 420 поени, а зад него се Довициозо со 269, Вињалес со 211, па следат Ринс, Квартаро, Петручи, Роси, Милер, Крачлоу и Морбидели во топ-10.