Маркез со пол-позиција во Германија

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез со Хонда ја освои пол-позицијата за гранприто во Германија, откако денеска беше најбрз во исклучително возбудливите официјални квалификации.

Маркез со 1:20,270 минути извозе најбрз круг, оставајќи го зад себе Данило Петручи на Дукати, додека третото најбрзо време имаше Хорхе Лоренцо, исто така на Дукати, а четврти беше Маверик Виналес со Јамаха.

Андреа Довициозо ќе тргне од петтата позиција, Валентино Роси од шестата, а Кал Карчлоу како седми.

За Маркез ова беше 48 пол-позиција, а деветта по ред на германското гранпри