Маркез со една рака го има шампионскиот пехар

Марк Маркез е многу блиску од освојување на уште една титула светски првак во Мото ГП окткако утринава славеше на трката за Големата награда на Австралија, што се возеше на патеката „Филип Ајленд“.

 

Актуелниот шампион финишираше 1,8 секунди пред двајцата возачи на Јамаха, Валентино Роси и Маверик Вињалес, кои имаа интерсна борба за второто место. 

Најголемиот конкурент на Маркез за титулата, Андреа Довициозо од Дукати имаше слаб пласман откако трката ја заврши на 13-тото место и ги намали шансите дека може до шампонскиот пехар. 

Сега Маркез има 269 бодови на врвот во генералниот пласман, 33 повеќе од Довициозо, додека трет е Маверик Вињалес со 219 бодови. До крајот на сезоната има уште две трки. Следната е во Малезија на „Сепанг“ идниот викенд, додека последната се вози во Валенсија на 12 ноември.