Маркез повторно триумфираше во Германија

Марк Маркез стигна до нова победа во Мото ГП. Одличниот шпански возач без проблем славеше на Големата награда за Германија.

Маркез на патеката стигна дури до седмиот триумф по ред во Германија, а зад него звршија Маверик Вињалес од Јамаха и Кал Крачлоу од Хонда.

Валентино Роси имаше уште една катастрофална трка, па заврши на осмото мессто со дури 11 секунди задоцнување за шампионот.

Шпанецот сега е на првото место со дури 58 бода повеќе во однос на второпласираниот Довициозо.