Маркез по седми пат светски шампион: Шпанецот ита кон рекордот на Агостини (ВИДЕО)

Марк Маркез славеше на денешната трка за Големата награда на Јапонија и на три трки до крајот математички ја обезбеди својата трета шампионска титула по ред во Мото ГП шампионатот или вкупно седма во сите класи. 

Мотоциклистот на Хонда дојде до осмиот триумф во сезоната и го искористи излетувањето на својот најголем ривал Андреа Довициозо во финишот да ја запечати титулата и тоа на домашната патек на неговиот тим, „Мотеги“. Покрај Шпанецот, на подиумот се искачија и Кал Крачлоу и Алекс Ринс, додека Валентино Роси беше четврти.

Маркез сега се израмни со Мик Дуан со по пет тититули во најсилната класа, а повеќе од него моментално имаат Валентино Роси (7) и Џакомо Агостини (8).