Маркез најбрз и во Арагон: Деветта пол-позиција за Шпанецот (ФОТО)

Возачот на Хонда, Марк Маркез од пол-позиција ќе ја почне трката во Арагон. Актуелниот шампион беше најбрз денеска на патеката со време 1.47.009, па ја освои деветтата пол-позиција сезонава.

Од втората позиција ќе тргне Фабио Квартараро, кој имаше одличен последен круг, па во три сектори беше побрз од Маркез, но во последниот не успеа да избие на првото место.

Во првиот стартен ред ќе се најде и Маверик Вињалес, кој имаше време 1.47.472, а по нив следуваат Џек Милер, Алеш Еспаргаро и Валентино Роси.

Да потсетиме, трката се вози во недела од 13 часот.