Маркез ќе тргне од пол-позиција во Малезија

Марк Маркез, возачот на Репсол Хонда, продолжи со одличните настапи во Мото ГП шампионатот, иако претходно ја одбрани титулата.

Денеска Маркез повторно имаше најдобро време и ја освои пол-позицијата на трката во Сепанг за Големата награда на Малезија, а веднаш зад него ќе тргнат Жоан Зарко и искусниот Валентино Роси.

Веднаш по нив во топ 10 се уште и Андреа Јаноне, Андреа Довициозо, Џек Милер, Данило Петручи, Алекс Ринс, Алваро Баутиста и Дани Педроса.