Маркез ја освои историската прва пол-позиција во Тајланд (ВИДЕО)

Марк Маркез ќе стартува од пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Тајланд што за прв пат ќе се одржи во Мото ГП шампионатот. 

Шпанецот на Хонда извозе најбрз круг со време од 1:30,088 минути. Втор финишираше Валентино Роси на Јамаха со задоцнување од само 11 десетинки, додека од третата позиција ќе стартува Андреа Довициозо на Дукати.

Маверик Вињалес ги комплетираше добрите квалификации за Јамаха по подолго време откако стигна до четвртата стартна позиција, петти ќе тргне Кал Крачлоу, додека шести е Андреа Ијаноне на Сузуки.