Маркез доби казна, Жарко ќе тргне од пол-позиција во Малезија!

Шампионот во Мото ГП, Марк Маркез, беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Малезија, но сепак Шпанецот доби казна, па прв ќе стартува Жоан Жарко.

Маркез имаше еден пад, а при враќањето на патеката му пречеше на Андреа Јаноне и поради тоа Шпанецот доби казна, па ќе тргне од седмата позиција.

„Не го видов Јаноне. Можеби му пречев. Се обидов да избегнам контакт на патеката и само тоа можам да го кажам“, објасни Шпанецот.