Манекенка предизвика хаос во Формула 1 бидејќи почна прерано да го вее знамето (ВИДЕО)

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, вчера славеше на трката за Големата награда на Канада и така го комплетираше перфектниот викенд во Монтреал.

Фетел имаше предност во текот на целата трка и дојде до важна победа. Меѓутоа, трката во Монтреал ја одбележа неверојатен пропуст на организаторот, односно на манекенката Вини Харлоу која требаше да го развее знамето кое означува крај на трката.

Сепак, на патеката настана голем хасо откако таа почна да го вее на еден круг пред да заврши трката. Возачите не знаеја што се случува бидејќи беа свесни дека има уште еден круг до крајот. Фетел од својот тим побара да му кажат што се случува и зошто се појавило црно-белото знаме.

На крајот се испостави дека грешката ја направиле организаторите кои ѝ дале погрешни инструкции на манекенката која збунето го вееше знамето на еден круг пред крајот. За среќа немаше никакви инциденти на патеката иако малку недостигаше за катастрофа.