Македонското знаме ќе блесне на новиот шлем на Иџе (ФОТО)

Игор Стефановски-Иџе летната пауза во ЕТЦЦ-шампионатот ја користи за одмор, подготовка, но и за некое естетско подновување.

Најдобриот македонски возач на својот профил на Инстаграм го сподели новиот шлем со кој ќе ги вози остатокот од трките во ЕТЦЦ-шампионатот. На него највпечатливо е македонското знаме, на задната страна, додека од левата и од десната има тигрест дезен во бело-црни риги.

Досега поминаа трките во четири европски града, а остануваат уште два, Золдер во Белгија и Мост во Чешка, првиот на 15 септември. Засега Стефановски е четврти во генералниот пласман, со 15 бода заостанување зад лидерот Петр Фулин.

 

My new helmet design 👊🇲🇰#stefanovskiracingteam #fiaetcc #idze #

A post shared by Igor Stefanovski (@idze.igorstefanovski) on