Македонците еден до друг по првата трка во Асен

Македонските автомобилисти Игор Стефановски – Иџе и Виктор Давидовски не се прославија денеска во Асен, Холандија на првата трка во рамки на ТЦР Европа.

Иџе ја почна трката од 17. позиција, а на крајот заврши само едно место погоре, односно на 16. место додека од друга страна Давидовски стигна до 17. позиција во конкуренција од 22 возачи.

На трката во Асен триумфираше Даниел Наѓ, а на подиумот се искачија уште и Жан-Карл Вернај и Крис Ричардс.

Да потсетиме, втората трка во Асен, Холандија се вози утре.