Возачите во Формула 1 во Барселона ги тестираат болидите пред новата сезона на првенството, кое започнува на 25. март со трката во Мелбурн за Големата награда на Австралија.

На второто претсезонско тестирање најбрз беше возачот на Ферари, Себастијан Фетел, кој заврши пред конкурентите Валтери Ботас од Мерцедес и Ферстапен од Ред Бул.

Фотографиите кои пристигнуваат од патеката во главниот град на Каталонија оставаат без здив.