Луис Хамилтон триумфираше на јубилејната 1.000-та трка во Ф1

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Кина, што за него беше 75-та победа во кариерата на Британецот. Ова беше јубилејна 1.000-та трка во историјата на Формула 1. 

Ова беше 1-2 победа за Мерцедес, бидејќи како втор финишираше Валтери Ботас, кој ја имаше пол-позицијата. На третото скалило на победничкиот подиум се искачи Себастијан Фетел од Ферари.

Најдобрите десет ги комплетираат Макс Ферстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Ред Бул), Данилер Рикардо (Рено), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Кими Раиконен (Алфа Ромео) и Алекс Албон (Торо Росо), кој освои еден бод иако стартуваше од пит-стопот. 

Хамилтон го презема лидерското место во генералниот пласман од Ботас со 68 бодови, додека Финецот сега има 62 бода. 

Мердецес води кај конструкторите со 130 бодови, додека Ферари има 73 бодови.