Луис Хамилтон би можел да направи трансфер во Ферари!

Луис Хамилтон минатата сезона ја освои својата петта шампионска титула во кариерата и четврта со болидот на Мерцедес. 

Англичанецот асполутно доминира во Формула 1 сезонава и веќе е вбројуван помеѓу најдобрите возачи на сите времиња. Тој има договор со Мерцедес до 2020 година, но шпекулациите велат дека тој веќе разговарал со Ферари за потенцијален трансфер, откако ќе истече неговиот ангажман со германскиот производител.

Ферари можеби нема освоено титула една деценија, последен шампион беше Кими Раиконен во 2008 година, но тимот од Маранело и натаму е најголем престиж за секој возач.

 Италијанскиот тим има историја со англиски возачи како Питер Колинс, Мајк Хауторн и Најџел Менсел.