Лудакот од Мото 2 остана и без тим, ама и без иднина

Италијанецот Романо Фенати (23) кој ја згорзи светската јавност за време на трката во Сан Марино во Мото 2, кога при полна брзина стисна на кочницата на противникот и направи хаос на трката, скапо ја плати цената на својата неверојатна глупост.

Поради тешкиот инцидент Фенати е суспендиран од Мото 2 со две трки на кои нема да вози, но денеска експресно доби отказ од Маринели Снајперс, тимот за кој возеше. Договорот е раскинат, но сега прашање е дали овој мотоциклист воопшто ќе вози во иднина, затоа што најавената веќе договорена соработка со МВ Агусто за следната сезона нема да се реализира.

Фенати требаше да дојде во тимот во кој вози вчерашниот „непријател“, на чија кочница стисна Италијанецот, а МВ Агусто објави дека договорот со Фенати е ништовен и нема да се реализира.

Инаку светската јавност побара доживотна суспензија за Фенати од мото-спортот.