Лоренцо со фантастични квалификации до пол-позиција во Сан Марино (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Сан Марино.

Во интересни квалификации шпанскиот возач имаше неверојатен настап и со време од 1:31.629 го поправи рекордот на патеката, кој го држеше токму тој уште од 2007. година.

Зад Лоренцо ќе стартуваат Џек Милер од Дукати и Маверик Вињалес од Јамаха, додека шампионот Марк Маркез имаше и пад во текот на брзиот круг, а потоа се врати со нов мотор и на крајот стигна до петтото место.

Инаку, трката за Големата награда на Сан Марино се вози утре од 14 часот.