Лоренцо нема среќа – тежок пад во Тајланд (ВИДЕО)

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, вчера доби дозвола од докторите да настапува на трката во Тајланд, но немаше среќа, па имаше тежок пад на тренингот.

Шпанскиот возач изгуби контрола врз моторот, а при тешкиот пад повторно ја обнови повредата на ногата, па сега не е познато дали Лоренцо ќе може да настапи воопшто.

Во тек се и медицинските прегледи, по што ќе биде соопштено дали Шпанецот заработил и некаква друга повреда.