Лоренцо мора да прави уште една операција

Петкратниот светски шампион Хорхе Лоренцо во понеделник ќе биде опериран по вторпат за малку повеќе од еден месец поради проблеми со десното стапало, кое го повреди во текот на Големата награда на Арагон во септември.

Шпанецот падна од својот мотор, а поради тоа заработи повреда на патеката „Моторленд“. Сепак, и покрај тоа се врати на патеката за следната трка во Тајланд, каде што доживеа нов тежок пад, во кој го повреди зглобот на левата рака.

Лоренцо го оперираше зглобот на крајот на октомври, па се обиде да се врати во Сепанг, но мораше да се повлече, па ја заврши сезоната во Валенсија со пласман на 12. место на трката.

Инаку, Шпанецот ќе биде опериран во Барселона на почетокот на наредната недела.

Од наредната сезона Лоренцо ќе ги брани боите на Репсол Хонда, а токму својот нов тимски колега Марк Маркез го обвини за падот во кој го повреди стапалото.