Леклер се налути по трката во Шангај: Не ја разбирам одлуката на Ферари, сакам објаснување!

На денешната трка за Големата награда на Кина во Шангај славеше Луис Хамилтон од Мерцедес, а втор беше неговиот колега Валтери Ботас, додека трет беше Себастијан Фетел и тоа благодарение на Шарл Леклер.

Возачот на Ферари, Леклер беше лут по денешната трка во Шангај, кога мораше да го пушти Фетел пред себеси, поради наредба од екипата.

„Одлично тргнав и потоа имавме мали проблеми. Не ја разбирам одлуката на мојот тим, ќе мора да разговараме и сакам да ми ја објаснат одлуката. Се надевам дека имаат добра причина поради ваквиот потег. Не сакам да кажа ништо глупаво во моментов“, кажа Леклер.