Леклер по инцидентот со Фетел: Го изневерив тимот, жал ми е

Возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер ја завршија трката во Австрија во првиот круг, откако имаа меѓусебен судир на свиокот број 3.

Младиот возач од Монако беше виновен за судирот и веднаш им се извини на сите во Ферари и неговиот тимски колега Фетел.

„Разочаран сум од себе си. Денеска направив многу лоша работа и го изневерив тимот. Можам само да жалам иако знам дека тоа не е доволно“, рече Леклер по инцидентот.

Со свое видување на инцидентот се јави и Германецот. 

„Бев многу изненаден. Ја имав внатрешната траекторија и не очекував Шарл да се обиде со нешто“, изјави Фетел.