Леклер најбрз на квалификациите во Сингапур (ФОТО)

Возачот на Ферари, Шарл Леклер стигна до третата пол-позиција по ред, откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Сингапур.

Талентираниот возач до најдоброто стартно место стигна со време од 1.36.217, па уште еднаш покажа дека може да се очекуваат големи резултати од него.

Втората позиција ја освои Луис Хамилтон, додека трет беше Себастијан Фетел. По нив следуваат Макс Ферстапен, Валтери Ботас, Карлос Сајнц, Даниел Рикардо, Нико Хулкенберг и Ландо Норис.

Утрешната трка во Сингапур почнува од 14.10 часот.