Леклер си ја кажа болката: „Сузука“ ме асоцира на смртта на Бјанки

Еден од најперспективните пилоти во Формула 1, Шарл Леклар, призна дека ќе биде тешко да се врати на „Сузука“, каде што почина пилотот Жил Бјанки во 2014 година.

Двајцата се познаваат благодарение на своите татковци и беа неразделни другари, поради што Бјанки му беше кум на Шарл.

Сепак, трагедијата која се случи на пистата во Јапонија, беше фатална за Бјанки, откако со својот болид удри во кран кој беше надвор од патеката. Тој почина неколку месеци подоцна по периодот кој го мина во кома.

Кога за прв пат дојдов овде минатата година, дефинитивно беше тешко. За мене, ова место секогаш ќе биде поврзано со инцидентот на Жил. Ова, за мене, е најдобрата рута на календарот. Треба да бидете на високо ниво за да завршите вистинска работа, изјави Леклер, чиј тим ќе ја брка 5-та последователна квалификациска победа и четврти успех на последните пет трки.