Легендарниот Роси најави крај на кариерата

Еден од најдобрите возачи во историјата на Мото ГП, Валентино Роси најави дека ќе замине во пензија.

Роси во минатото доминираше во Мото ГП, но во претходните сезони не успеа покрај Марк Маркез да стигне до тронот.

Италијанецот потпиша нов две годишен договор, но не е сигурен дека до крајот на 2020 година ќе остане во спортот. Иако има веќе 39 години, јасно е дека не сака да замине туку-така, па се надева дека во следните две сезони може да стигне до врвот.

„Решив да потпишам нов договор, кој ќе заврши во 2020 година. уште не знам дали ова е мојот последен договор како возач во Мото ГП. За тоа ќе размислам кога ќе дојде време, но не можам да ветам ништо“, кажа Роси.