Легендарниот Леб повторно во светската рели серија – ќе бози за Хјундаи

Најголемиот рели-возач на сите времиња, Себастија Леб потпиша за Хјундаи и се враќа во ВРЦ, па така ќе се обиде да стигне до десеттата шампионска титула.

Деветкратниот шампион во светот во ВРЦ сезонава се врати на натпреварувањето по три години и успеа со Цитроен да слави во Каталонија.

Се шпекулираше дека Леб ќе се врати и ќе потпише за Хјундаи, а токму  тоа се случи, па Французинот стави потпис на двегодишен договор.

„Победата во Шпанија ми ја врати страста за натпреварувањето во ВРЦ. Доаѓањето во Хјундаи ќе биде нов предизвик и едвај чекам сезоната да почне. Импресиониран сум со тоа и чувствувам дека можам да им помогнам“, вели Леб.

Хјундаи со овој потег покажа дека ја сака титулата, а шефот на тимот Мајкл Нандан се надева дека токму Леб ќе може да го симне од тронот Себастијан Ожие.

„Договорот со таков возач покажува дека сме атрактивен тим. Сакаме да ја освоиме ВРЦ титулата и веруваме дека имаме можност за тоа. Нашата екипа за 2019 година го покажува тоа“, вели Нандан.