Лауда во тешка состојба по трансплантацијата на бели дробови

Легендарниот Формула 1 возач и трикратен шампион, Ники Лауда синоќа имал трансплантација на бели дробови во Виена, Австрија. 

Операцијата била успешна, велат од болницата, но не откриваат премногу детали околу состојбата на 69-годишниот Луда. Медиумите пишуваат дека тој се наоѓа во критична состојба бидејќи еден ваков хируршки зафат е многу ризичен.

Австриецот морал итно да биде операран поради сериозна болест на белите дробови. Тој повеќе од 40 години има проблеми со дишењето, што е последица на тешката несреќа, што ја доживеа на 1 август во 1976 година на патеката „Нирбургринг“ во Германија.

Лауда тогаш за малку не изгоре до смрт, а во опожарениот болид вдишал голема количина на отровни гасови. По несреќата тој живее со намален капацитет на белите дробови, но тоа не го спречи да освои уште две шампионски титули во Формула 1. 

Поранешниот светски првак моментално е тимски шеф и акционер во Ф1 тимот на Мерцедес.