Квартараро освои пол-позиција на лудите квалификации во Ле Ман (ВИДЕО)

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата пред деветтата трка во Мото ГП шампионатот, која се вози за Големата награда на Франција.

Младиот Французин беше блиску до рекорд во Ле Ман, а најдоброто место во квалификациите го обезбеди со круг од 1.31.315.

Квартараро на крајот имаше само минимална предност пред Џек Милер од Дукати, а покрај нив во топ-3 заврши и Данило Петручи.

Трката за Големата награда на Франција се води в недела од 13 часот.