Квартараро ја „освои“ Каталонија и е нов лидер во Мото ГП!

Францускиот мотоциклист, Фабио Квартараро, е победник на денешната трка за Големата нафрада на Каталонија од Мото ГП-шампионатот, што се возеше на патеката Каталуња.

За возачот на Петронас Јамаха ова е трета победа сезонава, додека второто и третото место им припаднаа на клупските колеги од Сузуки, Жоан Мир и Алекс Ринс. Валентино Роси и Андреа Довицио имаа лош ден и не ја завршија трката, додека Маверик Вињалес беше деветти.

По осум три од Мото ГП-шампионатот, Квартараро е водечки во генералниот пласман, пред Мир и Вињалес.