Култна патека од Ф1 заминува во историјата?

Една од најатрактивните патеки во календарот во Формула 1 ќе замине во историјата, без оглед на тоа што календарот за следната година сè уште не е објавен, а станува збор за Спа-Франкоршам во Белгија.

По летната пауза ќе се вози последната трка на популарната Спа, иако имаше шпекулации дека договорот би можел да биде продолжен и за следната сезона, но засега нема напредок.

Патеката долга седум км беше под реконструкција за да се зголеми безбедноста, а возачите кажаа дека се надеваат на нејзин опстанок во календарот, иако тоа најверојатно нема да се случи.

Причината е тоа проширувањето накалендарот, па поради трките во Катар, Лас Вегас, Јужна Африка и Кина, дел од патеките ќе мора да се „жртвуваат“, а како такви се споменуваат тие во Белгија и Франција.