Круна на одличниот викенд во Каталонија: Лоренцо славеше на „Каталуња“!

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, победи на трката за Големата награда на Каталонија на патеката „Каталуња“.

Шпанецот ја заврши трката во Каталонија за време од 40:13.566, а со тоа го заврши феноменалниот викенд во кој на „Каталуња“ претходно ја освои пол-позицијата.

Актуелниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез ја заврши трката на втората позиција со 4.479 секунди задоцнување.

Одличен резултат имаше и популарниот „доктор“, Валентино Роси, кој од седмата позиција се проби до третото место.

На четвртата позиција заврши Кал Крачлоу, а потоа следуваа Дани Педроса, Маверик Вињалес, Жоан Зарко, Данило Петручи, Алверо Баутиста и Андреа Јаноне.