Крачлоу доби килограм челик во ногата по страшната повреда (ФОТО)

Британскиот возач Кал Крачлоу заработи страшна повреда на 26 октомври на тренинзите на патеката во Австралија, кога загуби контрола врз моторот при брзина од 200 км/ч.

Крачлоу зработи неверојатни 17 скршеници на ногата, по што мораше да замине на операција, а по успешниот зафат членот на Хонда почна со подготовките.

Страшна е помислата што Крачлоу можел целосно да ја загуби ногата и да ја заврши кариерата, но сепак Британецот имаше голема среќа, па некако му беше средена повредата, но притоа возачот сега има дури еден килограм челик во ногата.