Кој работи во боксот на Ред Бул, Флеш? (ВИДЕО)

Ред Бул вчера имаше многу причини за славје, бидејќи Макс Ферстапен ја оствари третата сезонска победа на трката за Големата награда на Бразил во Формула 1 шампионатот. 

Освен што Холанѓанецот возеше беспрекорно на патеката „Интерлагос“ и сите луѓе во тимот беа на висината на задачата. Ферстапен во 21 круг влезе во бокс, а кај механичарите се задржа само неверојатни 1,82 секунди. Тоа и официјално е нов светски рекорд во Формула 1. Секоја чест за механичарите на Ред Бул.