Кими Раиконен - ѓон пијан! (ВИДЕО)

Кими Раиконен има прекар „Ајсмен“. Прво затоа што доаѓа од ладната Финска, но и поради фактот што ретко покажува емоции. Ниту кога победувал не се радувал претерано на подиумот и ретко кога некој видел насмевка од него. 

Сепак, на доделувањето на наградите за изминатава сезона во Формула 1 шампионатот, Раиконен беше најсреќниот на гала-вечерта. Тој излезе на сцена пијан и насмеан заедно со својот сега поранешен тимски колега Себастијан Фетел. Реално не бил волку радосен ни кога беше светски шампион пред една деценија.