Катастрофа за Јамаха, доминација на Сузуки: Мир на чекор од титулата! (ВИДЕО)

Жоан Мир, возачот на Сузуки, победи на трката за Големата награда на Валенсија и тоа беше негов прв триумф сезонава, со што ги зголеми шансите да го освои шампионатот.

Мир ја заврши трката на првото место, а зад себе го остави колегата Алекс Ринс, додека на подиумот имаше место и за Пол Еспаргаро, кој тргна од пол-позицијата.

Во првиот круг се случи хаосот, кога Франко Морбидели си го урна сонот за шампионската титула бидејќи испадна од моторот, иако немаше контакт, по што уште двајца возачи на Јамаха имаа проблем.

Вињалес имаше проблеми со сопирачките, а потоа се појавија и главоболки за Валентино Роси, кој мораше рано да се откаже од трката.

Мир е на само една трка до освојување на шампионската титула, а ова беше првпат по 1982 година двајца возачи на Сузуки да завршат на првите две позиции.