Италија слави: Довициозо најбрз на „Мизано“

Андреа Довициозо дојде до победата на трката за Големата награда на Сан Марино, што се возеше на патеката „Мизано“ во рамки на Мото ГП шампионатот. 

Победата на Италијанецот беше огромна радост за домашната публика, бидејќи беше остварена со мотор на Дукати. Иако стартуваше како четврти Довициозо по неколку кругови го презема водството и не го испушти до самиот крај. Освојувачот на пол-позицијата неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо не ја заврши трката.

Подиумот го комплетираа актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман Марк Маркез на Хонда, додека трет заврши Кал Крачлоу исто така на Хонда. 

За Довициозо ова беше трета сезонска победа по трките во Катар и Чешка. Во генералниот пласман Марк Маркез и натаму е во водство со 221 поен, додека Довициозо е втор со 154 бодови, а трет е Валентино Роси со 151 бод, а на денешната трка заврши како седми. 

Следната трка се вози во Шпанија за големата награда на Арагон.