„Интерлагос“ станува опасен: Бивш шампион се заби во ѕид и почина на лице место! (ВИДЕО)

Бразилската патека „Интерлагос“ е една од најопасните во автомото светот. Поранешниот шампион на првенството во „Суперспорт“ категорија, Матје Барбоса загина на лице место откако се удри со неговиот мотор во ѕид.

Овој 23-годишен возач во еден свиок ја загуби контролата врз својот мотор, па не успеа да се запре, по што удри директно во заштитниот ѕид. Докторите веднаш истрчаа да му помогнат на возачот, но не успеаа да го вратат во живот.

Ова е трета смрт на „Интерлагос“ од 2019 година. Патеката нема доволна заштита за мото натпреварувањето, но организаторите, сепак, дозволуваат возење на мотори.