Илјадници граѓани и познати личности се простија од Лауда во Виена (ФОТО)

Илјадници граѓани и голем број познати личности се простија во Виена од неодамна починатиот поранешен светски шампион во Формула 1, Ники Лауда.

И покрај дождот, пред катедралата се создаде голем ред, зашто многу луѓе сакаа да му оддадат почит на еден од најголемите спортисти.

По три ипол часа можност за граѓаните да се простат од Лауда, во катедралата пристигнаа познати личности, меѓу кои беа Луис Хамилтон, Арнолд Шварценегер, Ален Прост, како и претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен.

„Лауда беше голем пример за Австријците, посебно во однос на грешките. Тој ги гледаше работите какви што се, ги анализираше своите грешки. Искрената анализа на грешките е потребна за да се научи нешто од минатото. Лауда покажа како се прави тоа“, кажа претседателот.