Иџе збесна по „грабежот“ во Имола: Мора да стигнеме до подиум, па дури и некој да лета во трева!

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе се изнервира по денешната трка во Имола во ТРЦ шампионатот, откако заработи две казни, па заврши на десетата позиција, иако помина прв низ целта.

Иџе не можеше да се помири со казните, кои ги доби, па кажа дека му бил украден подиумот во Имола.

„Не сакам да биде дека се жалиме, но жената на стартот ме намести како што треба, а потоа ме казнија со пет секунди. Очигледно не може да се помират со тоа дека сме брзи. Не знам што да кажам. Жалам поради тоа што не ја искористивме шансата и не се качивме на подиум, но утре нека ме казнуваат колку сакаат, ама некој ќе лета во трева, зашто мора да стигнеме до подиум“, вели Иџе.

Да потсетиме, утре се вози втората трка во Имола.