Иџе тргна за Холандија, но неговиот настап „виси“

Игор Стефановски Иџе имаше страшно излетување на втората трка на „Пол Рикар“ во Франција на премиерата во европскиот ТЦР шампионат, по што неговото Хјундаи беше сериозно оштетено. 

За среќа, Стефановски мина без повреди и е подготвен да се трка викендов во Холандија на патеката „Зандвурт“. Сепак, неговиот настап на втората сезонска трка е неизвесен поради доцнењето на потребните делови за автомобилот. Иџе ќе патува во Холандија, па доколку деловите пристигнат навреме на патеката, тогаш ќе учествува на трката, во спротивно ќе биде само гледач.

Нашиот автомобилист имаше солиден настап на првата трка на „Пол Рикар“, кога го освои седмото место во конкуренција на 21 возач, кои ја завршијата трката, но поради несреќата на втората трка не осови уште некој бод.