Иџе нема да вози во Италија, но не се откажува од борбата за титула!

Најдобриоте македонски автомобилист Игор Иџе Стефановски нема да може да влезе во Италија и да учествува на првата трка од ТЦР шампионатот, и покрај тоа што направи големи напори за да не го пропушти стартот на сезоната.

На трката која е закажана на патеката Муџело за 18 и 19 јули нема да се појави македонскиот возач затоа што Ковид-19 ги ограничи можностите за меѓународни натпреварувања на македонските спортисти.

„Направивме сè што можеме. Се боревме до последен момент и се надевавме дека може да учествуваме на патеката Муџело, но сепак нема да учествувам на трката. Ја контактиравме и амбасадата на Италија, баравме алтернативи до последен момент, но за жал безуспешно. Јас заедно со мојот автомобил и мојот тим се надевам дека ќе бидеме од другите меѓународни тркачки предизвици. Целата енергија ќе ја фкоусираме на ТЦР шампионатите низ Европа, па сигурен сум дека ќе биеме дел од трките“, кажа Стефановски.