Иџе не заврши, Давидовски 18-ти на „Хунгароринг“

Игор Стефановски Иџе не ја заврши втората трка на „Хунгароринг“ во Европскиот ТЦР-шампионат, додека вторито македонски натпреварувач Виктор Давидовски стигна дo 18-тата позиција. 

Стефановски комплетираше само пет кругови, но што мораше да се откаже откако имаше проблеми со автомобилот, по неколкуте контакти со ривалите. Стартуваше како 17-ти, а во еден момент се проби и до 15-тото место, но проблемите со автомобилот не му дозволија да се трка до самиот крај.

Давидовски иако стартуваше од 22-та позиција успеа со добро возење да стигне до 18-тата позиција на „Хунгароринг“. До победата стигна Франциско Мора, пред домашниот фаворит Даниел Наѓ, додека подиумот го комплетира Џош Фајлс.  

На вчерашната прва трка, Стефановски заврши на 13-тото место, додека Давидовски беше веднаш зад него.