Иџе не настапи во Барселона, Давидовски заврши на 15. позиција

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски денеска  заврши на 15. место на трката во Барселона и го подобри пласманот за една позиција во однос на вчерашната трка.

Вториот наш претставник во ова ТЦР-шампионатот, Игор Стефановски-Иџе го пропушти последниот викенд поради проблеми со својот автомобил.

Шампион во ова натпреварување беше Микел Аскона од Шпанија, додека зад него завршија Жан-Карл Верне и Душан Борковиќ.