Иџе ја остави конкуренција зад себе и славеше на „Валелунга“ во Италија

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе славеше на втората трка на патеката „Валелунга“ во Италија од ТЦР-шампионатот.

Стефановски беше побрз од италијанските ривали на патеката, па на крајот заслужено се радуваше на првата позиција на трката во Италија.

Иџе зад себе го остави италијанскиот возач Алесандро Џардели, кој имаше задоцнување од 9,128 секунди, а во топ-3 заврши и Јакопо Гуидети со неговата Хонда.

Македонскиот возач вчера на првата трка на патеката „Валелунга“ го освои седмото место.